Од мноштвото рецепти објавени на Инстаграм профилите на македонските гастро-блогери одвојуваме едни лесни празнични колачиња. Овој празничен рецепт е особено погоден за оние кои го сакаат црното чоколадо
Состојки за чоколадниот дел:
75 гр марципан
680 гр кондензирано млеко
200 гр какао
100 гр гриз
100 гр вода
80 гр темно чоколадо
70 гр сируп од урма
Марципанот исецкан ситно на коцки се става на оган заедно со млекото и какаото. Кога какаото целосно ќе се раствори, се додава гризот измешан со водата. Се вари додека да се добие убава цврста смеса. Се трга на страна и се додава чоколадото на коцки и сирупот од урма, се меша да се соедини, па се натапкува во калап.
Состојки за карамела делот:
150 гр грчки јогурт
70 гр протеин од ванила
60 гр путер од кикирики
20 гр сируп од урма
20 гр карамела прелив
Се соединува сѐ и се премачкува чоколадниот дел.
Состојки за малина делот:
40 гр овес
10 мл екстракт од малина
40 гр малина прелив
20 гр гранола
1 лажичка стевиа
Се меша и се ,,расфрлува" врз карамела делот.
Се остава во фрижидер да се стегне, па се сече.