Рецепт за домашна, здрава нутела

5 јануари 2024

Доколку сте љубители на нутела или чоколаден намаз со лешник, а сепак се грижите и за внесот на шеќери во вашиот организам имаме одличен рецепт за вас.

Еве што ќе ви биде потребно:

  • 400 грама лешници
  • 50 грама какао во прав
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1/3 чаша (80 ml) јаворов или кокосов шеќер, или било кој друг засладувач
  • малку сол

Во загреана рерна на 175 степени испечете ги лешниците рамномерно распоредени во плех. Печете 8-10 минути додека не заруменат.

Замотајте ги во кујнска крпа и протријте ги за да извадите што е можно повеќе лушпи. Потоа оставете ги да се изладат.

Ставете ги во блендер и миксајте се додека не добиете мазна смеса. За ова ќе ви треба малку трпение, во зависност од јачината на миксерот.

Потоа додадете го какаото, кокосовото масло, засладувачот и повторно миксајте се додека смесата не се соедини.

Подготвената здрава, домашна нутела ставете ја во стаклен сад. Уживајте во вкусот!

Објавено:
5 јануари 2024
Категорија: 
Вкусно