Ако сте обожавател на чизкејк, но веќе ви здодеаја сите варијанти што досега сте ги испробале, овој петок ви предлагаме нов рецепт за кој знаеме дека ќе ни бидете благодарни.
Можеби кога ќе помислите на комбинацијата на Нутела и сирење нема да бидете многу среќни, но верувајте дека вреди да пробате.
Потребно:
250 грама мелени бисквити
100 грама путер
Малку мелени лешници
400 грама Нутела
500 грама крем сирење
80 грама шеќер во прав
Подготовка:
Во мелените бисквити додајте го стопениот путер, една лажица Нутела и мелените лешници. Смесата добро измешајте ја, па ставете ја во калап за моделирање обложен со хартија за печење и добро стиснете ја. Ставете ја во ладилник на некое време.
Остатокот од Нутелата измешајте го со крем сирењето и шеќерот во прав и мешајте со миксер. Добиената смеса распоредете ја по површината на смесата што претходно ја ставивте во ладилник. Одозгора украсете со мелените лешници што ви останаа или нешто по ваш избор. Ставете ја во ладилник добро да се излади и можете да ја послужите.
Прекрасно, нели?
Инфо: Miss 7.24sata.hr