Дефинитивно нема поубав десерт за топлите денови од вкусниот овошен чизкејк кој ќе ве освежи, а она поради што особено го сакаме, е тоа што се прави лесно и брзо.

Совршениот спој на кремот од сирење и бројните овошја што можете да ги искористите, даваат неверојатен вкус на кој никој не може да му одолее.

Ова е одличен избор за разни летни забави, меѓу кои и родендени, па дури и свадби, секако, со соодветна декорација.

Во време кога има огромен избор на свежо овошје, одберете ги најслатките меѓу кои малини, капини, цреши, вишни и што уште не и направете го совршениот рецепт.

Еден таков, читате во продолжение.

Потребни намирници за розовиот чизкејк:

-450 гр.шумско овошје

-220 гр.мелени бисквити

-150 гр.путер

-Две лажици мед

-500 гр.крем сирење

-300 мл.слатка павлака

-160 гр.шеќер во прав

-Сок од пола лимон

-Две кесички желатин

-Четири лажици шеќер

-Две кесички ванилин шеќер

-100 мл.вода

Подготовка:

Во сад ставете ги мелените бисквити, растопениот путер и медот. Смесата ставете ја во калап и изедначете ја. Измешајте го сирењето и шеќерот во прав, додајте ја претходно изматената слатка павлака, сокот од лимон и кесичка желатин. Овошјето ставете го во блендер па така измешано ставете го во белиот крем за да добие розова боја. Добиената смеса ставете ја врз бисквитите и оставете во ладилник да стои најмалку 30 минути. Украсете со ситно овошје одозгора по ваш избор. Доколку сакате поинтересен ефект, измешајте го шеќерот од ванила и водата на тивок оган додека не проврие. Оставете да се излади смесата и додајте кесичка желатин, па сето тоа ставете го врз белиот крем и оставете да се излади два часа.

Добар апетит!

Извор: Journal.hr

Фото: Instagram, Google, Journal.hr

Објавено:
29 мај 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.006 пати