Слатки печива во форма на зајачиња

21 април 2024

Велигденските празници се ближат и нема ништо поубаво од собирање на целото семејство и прославување со полна трпеза.

Покрај традиционалните фарбани јајца и останатите вообичаени јадења добро е понекогаш да се внесе нешто ново и интересно во празничното мени.

Еден таков креативен рецепт пронајдовме на Инстаграм профилот @convinoboard а станува збор за слатки лиснати печива во форма на велигденски зајачиња.

Подготовката не одзема повеќе од половина час, а со оглед на тоа дека се полнети со џем и brie сирење ќе бидат празнично воодушевување за сите.

Состојки

• две пакувања замрзнати лиснати теста
• brie сирење
• џем по желба
• јајце
• калап за колачи во форма на зајаче

Подготовка

Загрејте ја рерната на 190 степени. Развлечете го смрзнатото лиснато тесто и исечете го со калапите на парен број парчиња.

На секое од парчињата ставете малку џем и сирење и поклопете го со друго.

Со вилушка соединете ги краевите од тестото а потоа премачкајте ги со изматеното јајце.

Печете ги околу 20 минути со постојано проверување. Можете да ги декорирате по желба и послужете ги топли.

Објавено:
21 април 2024
Категорија: 
Вкусно