25 јадења што мора да ги пробате во животот

18 јануари 2017

Доколку сте гурман и сте посетиле некое од местата што ќе ги видите во продолжение, тогаш веројатно сте пробале и некое од јадењата кои според многумина мора да се најдат на сечија задолжителна листа.

Британскиот Телеграф издвои вкупно 25 исклучително вкусни и оригинални јадења од различни места на светот кои ги смести на листата јадења што мора да ги пробаме барем еднаш во животот.

Истите ги читате во продолжение.

1.Свеж кокос – St.Lucia

Вистинско доживување на плажата St.Lucia каде за малку пари можете да купите свеж кокос директно набран од дрво.

2.Ѓеврек – Њујорк

Многумина ќе кажат дека на ниту едно друго место во светот нема ѓеврек како оној во Њујорк, особено во пекарата Zabars.

3.Урми, Оман

Во Оман, урмите не се само овошје кое се јаде ретко, туку тие се задолжителна храна. Токму таму, секој ќе ве пречека со шолја чај и малку урми.

4.Крем пита, Португалија

На ниту едно друго место крем питите не се вкусни како што е тоа случај во Португалија. Совршено крцкави и испечени, полни со крем и едноставно неодоливи...

5.Предјадење, Милано

Италијанскиот град се чини е најдоброто место каде што можете да дегустирате разни предјадења толку вкусни што можете да го прескокнете главното. Маслинки, пршута, сирења, разни кремови, вкусно лепче и што уште не...

6. Крофни со школки, САД

Иако многумина ќе кажат дека најдобрата верзија на крофните со школки доаѓа од Нова Англија, сепак во САД ќе најдете бројни места каде се служи овој специјалитет што мора да го пробате.

7.Сок од брусница, Шведска

Едно од најдобрите места во светот е дефинитивно Ледениот хотел во Шведска каде незаборавното искуство ќе го надополните со шолја сладок и топол сок од брусница.

8.Кнедли во Кина

Кнедлите во Пекинг имаат различни неодоливи вкусови како јагнешко со моркови, свинско со зеленчук, само зеленчук со акцент на лук и се неверојатно вкусни.

9.Сахер торта, Виена

Свежо направена во Виена, парче Сахер торта е нешто што мора да го пробате во животот.

10.Суши, Јапонија

Во Јапонија, нема да згрешите доколку одберете било кое од огромниот број места со вкусни суши по кои тие и се познати.

11.Скакулци и штурци, Мексико

На пазарите во Мексико не е невообичаено да најдете скакулци и штурци во изобилие, најчесто послужени крцкави со лимон, сол и чили сос.

12.Зрели смокви, Шпанија

Слатките и зрели смокви се едни од најпознатите овошја во Шпанија, најчесто консумирани веднаш откако ќе се наберат, сѐ уште топли од сонцето.

13.Целосен шкотски појадок, Шкотска

Шкотите сакаат да го започнат денот со суви палачинки од компири и свежа црна салама, најчесто направена од свинско или говедско месо.

14.Вафли, Франција

Ако некогаш имате можност да го посетите Лил, задолжително пробајте од традиционалните вафли полни со вкусен крем.

15.Чорба со козјо месо и кари, Индија

Laal maas, или чорба полна со козјо месо, познатото кари и бројни други зачини и чили е едно од најпознатите јадења во Индија, кое е неверојатно вкусно.

16.Чинија полна морска храна и зеленчук, Перу

Ова познато јадење во Перу е всушност чинија полна со свежа риба, морски плодови, чили, кромид и зачини, супер вкусно и здраво.

17.Гулаш со зачини, Кина

Веројатно сите некогаш сте направиле гулаш во домашни услови, но овој исклучителен рецепт е полн вкусови составени од разни зачини, многу чили, разно месо, зеленчук и малку леб.

18.Супа со ракчиња, Тајланд

Речиси секој жител на Тајланд супата сака да ја јаде за време на паузата на бројните улични штандови за храна, а онаа со ракчиња, многу лимон, зачини и ориз е една од најпознатите.

19.Бели тартуфи, Италија

Свежо испечени со кајгана, тие имаат неверојатен вкус што никогаш нема да го заборавите.

20.Пица „Наполитана“, Италија

Пицата со доматен сос и моцарела е можеби најубавата што ќе ја пробате во животот...

21.Колбаси, Германија

Рецептот за германските колбаси е стар можеби и повеќе од стотина години, а во животот барем еднаш морате да пробате за да дознаете за што станува збор.

22.Полнето лиснато тесто, Аргентина

Овие слатки лиснати теста се едни од најпопуларните во Аргентина и истите можете да ги најдете на бројни места низ улиците. Тие се полнат со место, зеленчук, сирење и што уште не, а потоа се пржат.

23.Леб полнет со кари сос, Јужна Африка

Ова е навистина едноставен рецепт направен од леб без средина во кој се става сос од зеленчук со кари.

24.Традиционална велшка супа, Велс

Станува збор за рецепт што не е сменет со години, односно чинија вкусна чорба полна со домати, кромид, моркови, украсени со рузмарин и други зачини.

25.Сладолед, Италија

Веќе сите знаеме дека италијанскиот сладолед е еден од најпознатите и највкусните, а експертите посочуваат дека најдобриот доаѓа токму од Рим.

Објавено:
18 јануари 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
6.891 пати