Три идеални потаж рецепти за ова време од годината

9 октомври 2020

Дури и да не сте голем љубител на супи, ќе се согласите дека во овој период тие знаат да бидат фантастичен избор - ќе внесете течности, ќе ве стоплат и ќе ви го окрепат организмот.

Ако пак, сте љубител на супи, тогаш сигурни сме дека ќе сакате да пробате некоја од трите варијанти потаж кои ќе ви ги дадеме како викенд-рецепт. Доколку сте пробале некоја, споделете го вашето искуство.

Потаж од тиква

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kasia Matuszak- Magdziak (@kasia_ma_ma) onOct 7, 2020 at 11:00pm PDT


Потребни состојки: 2 кромида (црвени), 800 грама тиква (исечкана на коцки), 1/2 литро млеко, 200-300 мл вода, 50 грама путер, 200 мл кисело млеко, зачини (сол, бибер, морско оревче ако преферирате, магдонос) 

Подготовка:

-На путер, пропржете го кромидот, па додадете ги парчињата тиква.

-Мешајте десетина минути, додека тиквата не омекне, па постепено додавајте 200-300 мл вода, а потоа и зачини по желба.

-Кога ќе зоврие, тргнете ја супата од оган, па добро промешајте ја, а потоа вратете на оган и додајте го млекото. Кога повторно ќе зоврие, додајте го киселото млеко (или павлака) и варете уште две минути.

-На крај, додадете сечкан магдонос.

Потаж од тиквички

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katarina Cermelj (@theloopywhisk) onAug 25, 2018 at 7:00am PDT

Потребни сосотјки: 4 тиквички, 1 праз, 1 пашканат, 2 резанки лук, неколку гранчиња тимијан, пола лажица кумин, 150 мл.вода, 150мл.млеко, сол, бибер, прстофат чили (по желба), маслиново масло;

Подготовка:

-Тиквичките измијте ги и исечкајте на крукчиња или коцки со еднаква големина (без лупење). Исчистете го празот, измијте го, па потоа исечкајте на крукчиња. Пашканатот излупете го и исечкајте на ситни коцки.

-Во сад загрејте го маслиновото масло, а потоа додајте го исечканиот лук и тимијанот (и чилито ако сакате), а потоа еднаш додадете го и празот. Оставете едно 7 -8 минути, а потоа додадете ги куминот и пашканатот и кратко продинстајте.

-Додадете ги тиквичките, а потоа водата, ставете сол и бибер и продолжете да варите на средно загреан оган околу 30 минути. Потоа сварените намирници изблендирајте ги или испасирајте, ќе добиете густа супа.

-На крајот, додадете млеко, оставете супата кратко да зоврие, а по потреба додадете и црвен пипер. Можете да сполужите со нафора или печени лепчиња со маслиново масло.

 

Потаж од компир

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tamsin | Cupful of Kale (@cupfulofkale) onOct 7, 2020 at 12:11pm PDT

Потребни состојки: 1кг компир, 1 корен магдонос, 1 помал корен целер, 1 мало чешне лук, 500мл обична вода, сол, бибер, малку сланина, 2 лажици масло за јадење или стопен путер

Подготовка:

-Исчистете го и излупете компирот, измијте го и насечкајте на помали коцки. Коренот од целер, магдоносот и лукот исто така исчистете ги и исечкајте ситно.

-Путерот стопете го во сад за варење на тивок оган, а потоа додадете го лукот и динстајте додека не пожолти. Потоа додадете ги целерот и магдоносот и динстајте уште 5 минути. На крајот додадете го компирот. Динстајте уште 5 минути со редовно мешање. Потоа ставете сол, бибер, водата и варете додека компирот не биде готов.

-Кога компирот ќе биде готов, во супата додадете слатка павлака и варете уште две минути, па тргнете од оган. Со миксер (со маталките стапчиња) изматете ги состојките за да добиете фина кремаста текстура.

-Насечкајте ја сланината на коцки, и пропржете ја на тава без масло. Потоа ставете ја во супата и така послужете. Ако сте љубител на печурки, пропржете ги и нив со сланината, или додадете рендано тврдо сирење и зачини по желба.

Објавено:
9 октомври 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.771 пати