Викенд рецепт: Џин-тоник крофни
•
6 март 2021
Крофни се секогаш добра идеја. Викендов е постудено, па зошто да не го затоплите домот со мирис на тазе домашни крофни.
А можете да ги надградите со посебен прелив од џин-тоник.
Рецепт за класични крофни можете да го најдете тука, а во продолжение:
Рецепт за глазура
Потребни состојки: 10 големи лажици шеќер во прав, 4 големи лажици џин, 2 големи лажици тоник, 4 лажички сок од лимон
Подготовка: Сите состојки ставете ги во здела и мешајте со маталка или миксер, се' додека не добиете густа и леплива глазура. Кога крофните сосема ќе се изладат, ставете ги на решетка или чинија и врз секоја нанесете по една до две лажици глазура.