Викенд рецепт: Мафини со кокос за совршено утро

24 април 2021

Колку е убаво кога целата куќа мириса на кокос! За сладок почеток на викендот, ова утро ви препорачуваме да ги пробате овие вкусни мафини со кокос.

Вистина е дека станува збор за десерт, а десертот не би требало да се јаде за појадок, но бидејќи е викенд, време е да скршите некое правило и да уживате во животот.

За подготовка на овие мафини потребни ви се:

120 гр топен путер ● 120 гр шеќер ●кесичка ванилин шеќер ● 2 јајца ●1дл млемо ● 1/ дл растително масло ● 100 гр кокос ● 150 гр брашно ● кесичка прашок за печиво 

Подготовка: 

Убаво изматете ги путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете ги јајцата и матете додека смесата не зе соедини. Додадете млеко и растително масло. Мешајте со лажиц па накрај постепено додавајте ги брашното, прашокот за печиво и кокосот. 

Смесата ставете ја во калап за мафини и печете околу 15 минути на 200 степени. 

 

На здравје!

Објавено:
24 април 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
581 пати