Нашиот предлог за викенд рецепт е еден лесен, а вкусен рецепт, кој ќе биде одличен избор за лесен ручек или додаток. Можете да ги комбинирате со пилешко месо или салата. И одлични се и кога ќе се изладат, па не мора да се грижите, секако се вкусни :).
Потребни состојки: 700 грама доматно пире, 3 парчиња лук, 4 средно големи тиквички, 150 грама рикота сирење (но, можете и било кое друго ситно сирење или крем-сир), 50 грама рендан пармезан, лажица оригано, малслиново масло, сол, бибер
Подготовка:
Доматниот сос, двете парченца лук и ориганото помешајте ги и ставете во тенџере, кое пак ќе го ставите на силен оган и чекајте да зоврие. Потоа намалете го оганот и оставете да се крчка 30-тина минути.
Тиквичките исечкајте ги на тенки ленти, посолете ги и оставете да го пуштат вишокот вода. Избришете ги со хартија, а потоа додајте им малку маслиново масло и зачини.
Испржете ги (најдобро на грил-тава) додека не омекнат и не добијат златна боја. Потоа тргнете ги од оган и почекајте да се изладат.
Во меѓувреме, измешајте го сирењето со лукот што ви остана, пармезанот, сол и пипер. На секоја лента од тиквичка, стави малку од намазот со сирење и завиткајте ги. Можете да ставите и чешкалка за заби за да не ви се отвора. Послужете со сосот од домати.
Рецептот можете да го модифицирате и да му додадете пропржена сланина ако се љубител на потешки работи, да додадете хумус и маслинки и свежи шери домати.