Тазе мајката, топ моделот Џиџи Хадид, деновиве за прв пат беше фотографирана на улиците во Њујорк со своето девојче.
Претходно, во неколку наврати Џиџи ја почесто својата публика со неколку суптилни фотографии на кои сепак не го откри лицето на своето бебе, а ова е прв пат како таа се појавува во јавноста откако се породи во септември.
Ако ставиме акцент на нејзиниот мајчински стил, тогаш би посочиле дека таа е навистина шик мама која го задржува својот препознатлив урбан, стилски израз.
Во оваа прилика одбрала целосна црна, слоевита, зимска комбинација, надоградена со интересни модни додатоци како што е качкет капчето, ранчето и црните груби чизми.
Заедно со нејзинот долгогодишен партнер Зејн Малик, тие во септември го добија своето прво дете, на што претходеа и неколку фантастични фотосесии на Џиџи на кои таа позираше со трудничкото стомаче.
Извор: Harper's Bazaar