Приказната од четвртиот ден ја продолживме од истата локација, но вечерта за разлика од останатите беше најбогата по број, во однос на презентации. Можевме да погледнеме осум ревии кои финишираа нешто пред полноќ. Публиката повторно покажа интерес како и претходните вечери и секоја од ревиите беше исполнета до последното место. Бидејќи во просторот не се игра со сценографија, едноличноста во тој поглед создаваше монотонија од набиената програма. Покрај домашните дизајнери чии имиња не се новитет на настанот, повторно видовме и свежи идеи од дизајнери -дебитанти. Како ја поделивме поинаквата перспектива од четвртиот ден на FWSK читате во продолжение:
-Ако третата вечер во однос на колекциите, се покажа со преференции кон сензибилитетот на 60-тите години, четвртата пак' се надоврза со приматната тема од 10-то издание - сензуалната геометријата и минимализмот од црно-бело. Посведочивме на неколку колекции кои следствено и на поинаков начин од дизајнот ги прикажаа: геометриските форми, асиметричноста и монохроматиката од спојот на црната и белата боја.
- Покрај идејните дизајнерски решенија на македонските учесници, агендата како инпут ги постави оние на Марина Миќановиќ од Србија, а подоцна и онаа на Флутура Дедиња од Косово. Минатате сезони, презентациите на гостите дизајнери изостануваа и сведуваа на мал број. Тековното издание може да се пофали со две дизајнерки гостинки од Србија и една од Косово.Освен тоа, во портфолиото на настанот ќе влезат и гостите од работилниците, тројца предавачи од Англија, кои на различна тематика, говорат за своите искуства пред блогерите, фотографите и новинарите.
-Кај дел од дизајнерите што промовираа колекции за тековната сезона есен-зима, лесно уочливо беше неконструктивно обработената идеја за дистинкција меѓу студената и топлата сезона. Индикатори за истото беа како текстурите, така и боите. Токму поради тоа, нашето присетување по прашањето- која сезона е колекцијата, перманентно бараше освежување.
-Младите деби- учесници на Моден викенд имавме можност непосредно да ги запознаеме.Од почетоците секогаш се учи, од останатите, од грешките, се чувствува трема, фаза која е сосема нормална. Сепак, вложувањето во целосната презентација не подразбира само промоција на креациите на писта, туку и сопствена и на колекцијата, пред пошироката јавност преку медиумите. Правилниот начин и однос во изнесувањето на информациите, сигурно нè треба да има ноншалантен пристап, туку издржан и неопходен.
Продолжува...