Дека додатоците се тие што го комплетираат целосниот изглед сме укажале многупати. Дизајнерите свесни за моќта на аксесоарите, постојано се надминуваат во својата креативност и ни презентираат модели од кои остануваме со подотворена уста и нормално посакуваме да поседуваме се. Иако плик чантите сеуште се на врвот и се едни од најприменуваните, новата ера чанти се токму таканаречените клач модели. Тие се толку мали и во нив може да се стават малку од многуте женски потреби, сепак нивниот изглед измамува, па повеќе служат како накит отколку како чанта.
Најновите модели кои ги презентираа светските модни куќи и дизајнери ќе ве остават без зборови. Дека клач чантата не е само за комбинација со елегантни стајлинзи, доказ се неколку модели кои може да се носат и со кежуал и опуштени стајлинзи. Богатата галерија од продолжение дефинитивно ќе ги зголеми Вашите апетити за ваквите клач модели.