Тренди комбинации од посетителите во скопскиот Сити Мол

21 јануари 2014

Месец  јануари е познат по попустите, а токму тие се главен мотиватор повеќето од нас да излеземе во шопинг и да ги искористиме ниските цени.  Поради таа причина, решивме наместо на улица, да побараме интересни изгледи од комбинации на посетителите во скопскиот Сити Мол. Оние што беа расположени да позираат пред нашиот фото објектив на себе имаа тренди стајлинзи и тоа најмногу од кожени цигара панталони, џинс, зимски бои, долги капути, спој на принтови, карирано, големи но и плик чанти и најприменуваните чизми до колена. Во продолжение погледнете како тие ја споиле својата комбинација на денот и во секој момент бидете подготвени да ве пресретнеме и вас.

Објавено:
21 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија