Трет Late Night Shopping вечерва во Сити Мол

26 јуни 2014

siti mol

Љубителите на шопингот вечерва ќе можат да уживаат во третото издание на настанот Late Night Shopping во Сити Мол. Времетраењето на специјалните попусти ќе биде од 17:00 до 00:00 часот.

Сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатно дизајнерско парче, тоа ќе можат да го сторат купувајќи некое од новите свежи, лелеави и тренди комбинации од колекцијата Summer Colours. Toa може да го сторат по мошне пристапни цени за сечиј џеб, а со тоа оваа сезона ќе блеснат во летните бои на Елена Лука

Настанот воедно ќе биде и најава на сезоната на попусти, а присутните за време на шопингот ќе имаат можност да уживаат во пријатна атмосфера за која ќе се погрижат „Биг Бендот“ на Македонската Радио телевизија, Марга Сол која ќе има свој диџеј сет, како и „Бета Хаус“ со unplugged настап, Гоце Димовски со етно сет. „Bass&Glass“ ќе имаат промоција на својот најнов албум, „WISH.Kо“ ќе настапат со свој диџеј сет, а меѓу музичките гости ќе бидат и„ Bossa Band“.

 

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Актуел