Late Night Shopping во дрогерии Cosmo

3 јули 2015

11696664_10206042652479607_19904775_n

Љубителите на шопингот ќе уживаат овој викенд. Во Скопје Сити Мол повторно се одржува манифестацијата Late Night Shopping, која ќе трае два дена (3-ти и 4-ти јули).

Тоа значи дека омилените производи можете да си ги најдете по специјални цени, а токму таква акција и изненадување имаат и дрогериите Cosmo.

Сите вие што ќе се упатите вечерва и утре кон Cosmo во Сити Мол ќе имате можност да купите дел од најубавите парфеми со попуст од 30, 25 и 20 проценти. Ова лето нека ви го одбележи омилениот парфем. Дрогериите Cosmo секогаш ги ослушнуваат желбите на нивните клиенти, затоа сите вие што сте подготвени да подарите одличен летен подарок и да измамите широка насмевка, или пак сакате сами да се почестите и да бидете среќни, не пропуштајте овие два дена да ја посетите Cosmo дрогеријата во Сити Мол.

И двата дена шопингот  и одличната музичка забава што ќе го пропрати, траат до полноќ.

Cosmo ве очекува!

Објавено:
3 јули 2015
Категорија: 
Актуел