Бисерите покрај тоа што може да се најдат на нараквици и прстени, особено се модерни на впечатливи ѓердани во форма на слушалки, за кои голем интерес покажаа трендсетерките насекаде во светот.

Дека ни холивудските дами не може да му одолеат на овој тренд докажуваат актерката Ема Ватсон која носеше бисерни обетки од Диор, а Маргот Роби од брендот Jаcob % Co, а секако на овој тренд не можеше да одолее ни Ријана. Големиот интерес за нив се зголеми и со изборот на стилистите да ги украсат насловните страни со бисери, како што се на Vogue, Harper’s Bazaar и New York Magazine.

Бисерите се знак на отменост и префинетост и токму затоа некои дами никогаш не престанаа да ги обожаваат, без разлика на менувањето на модните вкусови и трендови.

Објавено:
14 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци