„Патики манијата" во модниот свет, е тука за да остане.

Тоа го потврдуваат и новите летни тенденции меѓу кои како најатрактивни и ова лето се различните модели на патики во беж-неутрални нијанси.

Удобноста и како естетика до толку „удобно" се смести меѓу трендовите, што патики не ретко се комбинираат и во деловни и во поелегантни комбинации (онаму каде што е тоа дозволено, односно каде што не е пропишан дрес код каде опцијата патики е исклучена).

Патиките во беж тонови се флексибилни за комбинирање, лесно може да ги „споите" во различни аутфити и токму поради таа нивна карактеристика важат за омилени во уличната мода.

Ги комбинираме со фустани, дводелни одела, со сетови со кратки бермуди или мини здолништа, со кафтани, џинс, комбинезони...

Во прилог на ова, ве инспирираме со неколку атрактивни комбинации од уличната мода кои вклучуваат патики во беж нијанси.

Фото: Пинтерест

 

 

 

Објавено:
21 јуни 2023
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.923 пати