Пред нас е јуни. А заедно со него и долгото, топло лето.
Високите температури и топлото летно сонце, наметнуваат потреба за лесна, лелеава и пријатна облека, што не ги исклучува стилскиот шмек и романтичниот изглед, како есенција на актуелната улична мода.
Многу боја, принтови, романтика, а не е на одмет и малку егзотика.
Такво е јунското модно расположение.
Овој јуни очекуваме во уличната мода да видиме женствени макси фустани со карнери, дводелни сетови од бермуди и блејзери, лелени кошула-фустани, комбинезони, флорални принтови, свежи нијанси, сламени детали, комбинации со краток топ, свилени марами и накит што ќе ги акцентира елегантните вечерни комбинации.
Прогнозираме каков ќе биде овој јуни од стилски аспект низ 30 комбинации што воедно се и наши предлози за секој ден од месецот.