Инстаграм портфолио: Елеганција во неутрални тонови по примерот на Ивана Кордиќ

14 август 2023

Елеганцијата во секоја смисла ги надминува рамките на времето и сезоните, па затоа оваа естетика е секогаш безбеден избор со кој нема да погрешите во ниту една прилика.

Но, секако дека под влијание на индивидуалниот пристап и современиот животен стил, и елеганцијата добива модерни интерпретации иако суштината секогаш е задржана.

Стилот на хрватската инфлуенсерка со адреса на живеење во Њујорк, Ивана Кордиќ е пример за современа жена која на елеганцијата ѝ дава современ израз, совршено координиран со нејзиниот модерен животен стил.

Тоа подразбира имиџ во кој доминираат безвременски парчиња облека, најчесто во ненаметливи, неутрални тонови. Ќе забележите дека кај неа, елегантните сакоа, панталони и здолништа, претежно добиваат покомотна линија, но тоа никако не ја исклучува женственоста, па кога сака да стави акцент тоа го прави преку избор на сензуални свилени фустани, комбинезони или дводелни сетови.

Летото го поминува претежно во координирани дводелни ауфити, бермуди со висок струк и лелени кошули, одоздола во бикини, а она што е нејзин карактеристичен печат се „машките" одела со широки блејзери, панталони со висок струк и добар пар наочари.

За инспирација отворете го нејзиниот профил на Инстаграм @ivanakorda.

 

Објавено:
14 август 2023
Категорија: 
Портфолио