Овошна палета сервирана во летната мода

13 јули 2022

Овошна палета сервирана во летната мода. Звучи свежо и егзотично, а така и изгледа.

Живописните бои на слатките сеознски овошја совршено им прилегаат на летните трендови. Носат енергичност и свежина, дури и во оние комбинации кои по кројот и естетиката делуваат строго и поформално.

Обично бело здолниште или црни панталони, добиваат сосема друга димензија кога се комбинираат со топ во изразена портокалова боја на пример.

Ако сте резервирани во однос на боите, но сепак потајно сакате да експериментирате како ќе се вклопат во вашиот стил, тогаш направете спој меѓу неутрални тонови и интензивни овошни нијанси.

Овошниот микс на бои е евидентен и во актуелните тенденции може да се забележи имплементиран во различни варијанти: макси фустани во боја на лубеница, дводелни одела во нијанса на праска или мини топ во лимон жолта.

Ако сакате да илустрирате малку повеќе забавна естетика во вашиот летен плакар, осмелете се да споите две овошни нијанси што можеби ќе ви откријат нов „вкус" во вашиот личен стил.

Еве како тоа се прави во актуелната улична мода...

Објавено:
13 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
948 пати