Сивата и жолтата беа избрани за бои на годината, но ако зборуваме конкретно за лето, палетата бои е далеку поширока.
Доминираат пастелни нијанси, но доколку сте љубители на поинтензивни, секако нема да згрешите.
Ние во продолжение ви откриваме кои шест бои ќе бидат апсолутен хит, а инспирацијата за визуелно да ви ги прикажеме ја добивме кај блогерката Блер од „Атлантик Пацифик“.
Пастелно сина
View this post on Instagram
Од океанско сината на Версаче, до неонско сината во колекцијата на Баленсијага, сините нијанси се доминантни во колекциите на дизајнерите за сезонава. Затоа, која и да ја изберете нема да згрешите. Сепак, меѓу нив како најдоминантна се поставува пастелно сината, истовремено толку нежна и толку впечатлива. Ќе внесе вистинска свежина во летниот гардеробер.
Минт нијанса
View this post on Instagram
Од сините нијанси одиме кон минт. Апсолутен хит во уличната мода, посебно кога се во прашање монохроматските комбинации. Фустан или летно одело во оваа нијанса ќе бидат вистински моден погодок.
Жолта
View this post on Instagram
Нема пооптимистична и посовршена боја за опис на летото од жолтата. Од лимон до окер, жолтата буквално ги распостела своите нијанси како сончеви зраци. За која и да се одлучите нема да згрешите, бидејќи не постои попопуларна боја во моментов. Впрочем, погледнете ги излозите или социјалните мрежи и сами ќе се уверите.
Од шеќерна розова до лаванда
View this post on Instagram
Убава вест за љубителите на розовата. Оваа пролет се носи се' - од бебешка розова, преку шеќерните нијанси до магента или фуксија, со посебен акцент на лаванда нијансите кои се омилени меѓу оние што преферираат виолтови пред розови. Како и да е, имате цела палета на нијанси кои можете да ги комбинирате и меѓусебно и на тој начин да го збогатите летниот изглед.
Портокалова
View this post on Instagram
Топла нијанса која е исклучително впечатлива и може да биде ваш прв избор кога сакате да оставите впечаток. Панталони или модни додатоци во оваа боја, ќе го издигнат вашиот изглед на едно друго ниво. А со оглед на тоа дека портокаловата е совршена за комбинации со други бои, ќе стане ваша омилена нијанса летово.
Темни нијанси на црвена
View this post on Instagram
За крај ја оставаме црвената - бојата на љубовта, страста, сексапилот. Па, секогаш кога сакате да покажете модна доминација, одберете богата црвена нијанса. Покажете модна смелост, ако не го направите тоа во лето, кога :)?
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram