Луј Витон ја лансираше својата нова колекција на чанти и модни додатоци. Линијата за претстојната сезона е обоена во најубавите бои есента како петролеј сина, силна портокалова, темно црвена и темно виолетова, нијанси аплицирани на различни стилови и големини.

Почнувајќи од малите клач модели, во кои може да ви ги собере само најнеопходните работи, па се до идеално дизајнирани чанти од цврста и богата текстура на кожа, кои ќе другаруваат со вас од утро до вечер. Освен фактот што ќе морате да издвоите прилично „солена“ сума  пари за да си купите еден ваков луксуз, треба да знаете дека тоа е еден вид инвестиција која ќе ја имате за цел живот.

 

 

 

 

Објавено:
29 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци