Луксуз на кој тешко ќе му одолеете - новите модни додатоци на Валентино

26 август 2014

Токму кога помисливме дека модната куќа Долче и Габана дефинитивно ги има најгламурозните модни додатоци кои ќе ја одбележат претстојната студена сезона, модната куќа Валентино препознатлива по својот луксуз, „го возврати ударот“, претставувајќи ја новата колекција на модни додатоци за сезоната есен-зима 2014.

Како главни карактеристики на новата колекција се нитните во златна боја кои се аплицирани на чантите, но и на мега популарните чевли на потпетица кои станаа прва љубов на голем број трендсетерки и дами ширум светот, наречени „Rockstud“. Боите гравитираат околу оската на темно зелената, темно црвената, кафена и виолетовата на кои симпатично им контрираат портокаловите, тиркизните, розовите и крем тоновите.

Линијата вклучува големи чанти изработени од висококвалитетна кожа, чии рабови се врамени со низа од златни нитни. Како дел од колекцијата се и малите клач-чанти кои се одликуваат со златни масивни копчиња компатибилност и едноставна линија како и хитот за оваа зима, чанти и чевли изработени од разнобојно крзно и пердуви од паун, модели кои мошне наликуваат на стилот и изработката со кои се одликува брендот Фенди. Веруваме дека сите трендсетерки и модни следбенички следниов период ќе имаат слатки маки во однос на изборот.

 

Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци