По успехот на моделите чанти „Alison“, „Bayle“ и „Clare“, модната куќа  Клое продолжува со нов ексклузивен и луксузен модел на чанта кој дефинитивно ги воодушеви модните инсајдери. Нејзиното име е „Drew“, а за само неколку месеци ја збогати архивата со модни додатоци на голем број трендсетерки, односно Роси Хантингон Вајтли прошета со овој модел на фестивалот Коачела, а голем број уредници се појавија со овој аксесоар на актуелните модни недели.

Овој сестран моден додаток е препознатлив по својот елегантен дизајн и го има во неколку варијанти и тоа од колор блок модели, па се до оние изработени од егзотична кожа. За дополнителен луксуз, моделите на чанти се збогатени со златни детали, па цената од 1050 евра е вредна инвестиција, секако за сите оние кои можат да вложат во неа.

Објавено:
12 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци