Животински принтови во есенската линија чанти од Шанел

25 август 2014

Модниот великан, брендот  Шанел Ви ја презентира најновата колекција чанти за есен. Досегашната пракса покажува дека жените ширум светот лудуваат по чантите од Шанел, а истиот случај сигурно ќе биде и со новите модели од колекцијата. Повеќе од 30 модели се подготвени да се вклопат во сечиј стил, изработени во препознатливи форми , текстури и детали.

 

Ако судиме според тенденциите за чанти на Шанел, наесен ќе носиме принтови од питон, класичен облик и средна големина, но ни моделите за околу струкот нема да ни бидат непознати.

 

Твид, кожа, златен синџир  и бисери се препознатливите материјали од  изработката  на брендот, а иако чантите се за есенска сезона,  ќе погледнете и такви во впечатливи жолта и розова нијанса.

Објавено:
25 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци