Чантите важат за фетиш на голем број жени. Припадничките на понежниот пол едноставно лудуваат по нив и сакаат во својот гардеробер да ги поседуваат сите форми, модели, бои и дезени. По тој повод еве краток преглед на најактуелните модели чанти кои треба да ги поседувате и комбинирате во вашиот моден израз. Без разлика дали се работи за вечерен изглед или секојдневие, секоја жена треба да знае кој дизајн и модел и одговара на сензибилитетот и карактерот.

 


„Ранец“ – функционален модел кој овозможува кој го држи грбот, благодарение на двете рачки кои не само што го штитат грбот туку ја распределуваат и тежината на рамениците.

 

 

 

 

„Багет чанта“ – за шик и фенси изглед. Формата на овој модел на чанти  е продолжена од двете страни во долниот дел, а во висина се ниски. Имаат рачка со средна должина и впечатлива тока за закопчување во предниот дел.

 

 

 

„Буре“ – чантата е меѓу најпопуларните чанти во изминативе години, со цилиндрична форма, средна должина на рачки и патент. Идеален избор за сите кои сакаат да внесат нов моден момент во нивниот изглед.

 

 

 

„Кошница“-чантата е најпосакувана од страна на оние жени и девојки кои негуваат полежерен стил. Таа е задолжителен избор во комбинациите за плажа, бидејќи е длабока и просторна, со долги рачки, функционална, со стилски акцент на дезени и принтови.

 

 

 

„Плик чанта“ – Станува збор за модел на чанта кој е издолжен, нема рачки и е во форма на писмо. Одличен моден додаток кој ќе го надополни вашиот вечерен изглед.

 

 

 

 

„Докторска чанта“ – Се одликува со рамно дно, заоблени страни, незначително продолжени, со две мали, но цврсти рачки прикачени странично на металната рамка, која го краси горниот дел и завршува со изразно клик-клак копче.

 

 

 

„Трапезоидна патничка торба“ – Овој модел во минатото најмногу бил користен од страна на морнарите. Денес како резултат на комфорноста и пространоста ја користат спортистите, но и оние кои одат на кратки патувања.

 

 

 

„Чанта на преклоп“ – има правоаголна форма, се закопчува на средина и има голема рачка. Идеална за вечерни излегувања.

 

 

 

 

„Макси паричник чанта“ – е модел со трапезоидна форма и строги линии кои се движат од дното кон врвот, каде се стеснуваат и формираат метална рамка која е украсена со впечатливо клик-клак копче во вид на круна. Изгледот во целост е инспириран од винтиџ стилот и моделот наликува на паричниците кои ги користеле нашите баби порано.

 

 

„Вреќаста чанта“ – Моделот има заоблена форма која е поврзана со рачките и заедно креираат затворен овален круг, кој личи на полу месечина. Се носи исклучиво на рамо. Обликот на оваа чанта е мошне опуштен без цврста структура, а се изработува од меки материјали кои дозволуваат виткање и преклопување. Името го добила од стаповите со врзана вреќа на врвот кои ги носат скитниците и анимираните ликови во цртаните филмови.

 

 

 

„Поштарска чанта“ – Се карактеризира со големи рачки, за да може да се носи преку рамо. Има цврст облик во форма на квадрат и украсна тока.

 

 

 

 

„Аксесоар со силна моќ“ – Овој модел на чанта наликува на популарните клач-чанти, но има поинтензивен ефект, поради нејзиниот впечатлив дизајн. Имено, се изработува исклучиво од блескави материјали и се украсува со драгоцени камчиња. Богатство од бои во луксузно пакување, во кое може да сместите само неколку важни работи како кармин, клуч, телефон или парфем.

 

 

 

„Штепувана чанта“ – Станува збор за популарната Шанел чанта. Изработена во јорган дизајн во правоаголна форма и штепови во облик на каро. Има впечатлива тока и долги рачки во вид на синџир. Идеален моден додаток за вечерни уживања.

 

 

 

„Седло чанта“ – Оригинален модел, чиј горен дел се преклопува во долниот дел каде се закопчува со ремче. Структурата е цврста и со строги форми.

 

 

 

„Училишна торба“ – Винтиџ моделот на училишните ранци од едно време е дефинитивно безвременски дизајн кој е модерен, функционален и комфорен.

 

 

 

 

„Шопинг чанта“ – Правоаголна форма, голема, длабока, изработена од платнен материјал со големи рачки, пространа и вистински избор за сите купохоличарки.

 

 

 

 

„Тот чанта“ – Трапезоиден модел на чанта со цврста структура и две мали рачки. Во горниот дел не е аплициран патент, туку само внатрешно клик-клак копче.

 

 

 

 

„Рачна чанта“ – Ова е сличен модел на плик чантата,само во помали размери и со мала рачка на едниот агол за да се носи како алка прикачена на зглобот од дланката. Дневните прошетки во парк нема да бидат исти без овој моден додаток.

Објавено:
11 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам