Креативниот директор на Шанел, Карл Лагерфелд, секоја година ги радува обожавателките на брендот со по некое култно парче.

Оваа пролет, речиси сите парчиња што ги презентираше се такви...култни. Неверојатни се и новите модели на добро познатите модели на чанти 2.55 кои важат за икони меѓу чантите.

Сите модели се од последната колекција на брендот Métiers d'art Paris, направени од оригинални материјали украсени со најубавите додатоци што можете да си ги замислите.

Дел од чантите се изработени од нивниот најпрепознатлив материјал – твид, додека на голем дел има раскошен уникатен вез, џинс, а додавани се и ефекти на „излупена“ кожа.  

Креативноста на брендот е особено изразена во оној дел на украсување и збогатување на чантите со бројни луксузни детали, меѓу кои и дијаманти, бело злато, разни украси и детали од драгоцени материјали.

Иако секогаш збогатена со прекрасни нови елементи и додатоци, чантата на Шанел секогаш ќе биде симбол на елеганција и женственост.

Објавено:
13 јуни 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
428 пати