Детален преглед на аксесоарите од улична мода во модните престолнини

26 септември 2013

Аксесоарите се пасија на секоја девојка или жена, омилени елементи што го прават изгледoт комплетен, а притоа го истакнуваат стилот на индивидуата. Од фото сумблиматот на улични фотографии низ Њујорк, Париз, Милано и Лондон, може да се заклучи дека апсолутен хит од аксесоари се чантите во мини варијанта и тоа од култниот моден бренд  Шанел.

Хулахоп чантата од овој бренд иако е промовирана уште од минатата година, нејзината уникатност допрва царува низ улиците. Многу од обожавателките на модата го обожаваат овој аксесоар, но и останатите модели на Шанел кои доминираат при изборот.  Кога се работи за принтови на аксесоари доста актуелни се оние со букви, срциња, животни и разни други симболи, кои уште на прв поглед го одвлекуваат вниманието. Околу ѓерданите и алките веќе ве информиравме дека масивните детали ги живеат своите пет минути слава, затоа доколку ви треба инспирација, а сте во потрага да ги обновите вашите аксесоари, погледнете кои од нив го имаат фокусот низ улиците на модните епицентри.

Објавено:
26 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци