Миранда Кер во новата кампања на Сваровски
•
23 јуни 2015
Од 2013-та година атрактивната Миранда Кер е заштитно лице на луксузниот бренд Сваровски, па оваа нивна заедничка соработка ја продолжуваат и во новата зимска кампања за 2015 година.
На фотографиите што ги направи двоецот Инез и Винод, Миранда е облечена сососема едноставно бидејќи луксузот на накитот што го носи на себе е доволно моќен и впечатлив.
Кај аксесоарите потпишани од Сваровски за претстојната сезона, доминираат алките и ѓерданите со синџири, масивните огрлици со цветни форми украсени со скапоцените кристали, но и едноставните часовници со минималистички дизајн.