Кејт Мос и Кара Делевињ – совршено дуо за новата рекламна кампања на Манго

28 мај 2015

Шпанскиот бренд Манго за следната есен подготвува интересно изненадување: како заштитни лица за новата рекламна кампања ги ангажираше супермоделите Кејт Мос и Кара Делевињ.

За поискусната Кејт Мос ова не е прва соработка со Манго, неа веќе имавме можност да ја видиме како заштитно лице на брендот во 2011 и 2012 година, но затоа за нејзината помлада колешка Кара Делевињ ова е премиерно искуство со шпанската етикета.

„Соработката со Кејт е апсолутно генијална! Се воодушевувам на нејзиниот професионализам, таа е вистинска модна икона. Ова беше фотосесија на столетието!“, вели Кара за нејзиното искуство од овој проект.

Целосната верзија на рекламната кампања која како музичка позадина го има евергринот „Girls just wanna have fun“ , а беше реализирана во Торонто во режија на двоецот Инез и Винод, ќе имаме можност да ја видиме во септември.

Објавено:
28 мај 2015
Категорија: 
Актуел