Birkenstock сандали: Најпопуларен модел чевли и ова лето!

11 јуни 2015

Birkenstock сандалите и ова лето се ултра популарни во модните кругови. Тие дефинитивно се модел на сандали што добија огромно внимание во светот на модата и најмногу коментари.

Кога светските трендсетерки пред неколку години почнаа да ги носат Birkenstock сандалите, поголемиот дел луѓе реагираа крајно негативно со констатација дека не виделе погрди сандали никогаш во животот!

Но, како и со секое друго парче, со текот на времето овие сандали станаа едни од најпродаваните и коментарите полека почнаа да преминуваат во позитивни.

Сосема очекувано, тие се вистински хит и ова лето, а истите можете да ги пронајдете и во нашите продавници со оглед на тоа што и нашите девојки ги обожаваат.

Ова можеби и воопшто не треба да нѐ чуди, со оглед на тоа што тие се неверојатно удобни, едноставни и можете да ги комбинирате со голем број на парчиња за различни пригоди.

Во галеријата погледнете ги најпродаваните и најпосакувани модели за ова лето и набавете си еден чифт, со што ве уверуваме дека засекогаш ќе го промените мислењето за нив.

Објавено:
11 јуни 2015
Категорија: 
Модни додатоци