„C“-Cruciani лансира нова линија на мали кожни модни додатоци

23 август 2013

 

По големиот успех со меките алки изработени од тантела кои имаа бројни фанови низ целиот свет, италијанскиот бренд  Cruciani кој е член на Arnaldo Caprai Gruppo Tessile, не застанува тука. Имено, неодамна ја лансираше својата нова колекција на мали, модни додатоци изработени од телешка кожа. Мини чантите, паричниците и специјалните новчаници за чување кредитни картички користат палета на бои како црвена, розова, зелена и кафена, надополнета со златни дезени, а поради малите димензии колекцијата е насловена Малите „C“. Вака изгледаат навистина убаво, шик и модерно, но дали ќе го достигнат вртоглавиот успех на алките, треба да почекаме и да видиме.

 

 

 

Објавено:
23 август 2013
Категорија: 
Модни додатоци