Познатиот хрватски бренд Clox ја освои и Москва. Овие чевли со потпетица се препознатливи и популарни по својот необичен дизајн на функционален часовник, кои периодов станаа достапни за продажба низ Русија. Потврда за тоа е и едиторијалот изработен специјално за нивна промоција во оваа земја, во кој позира позната руска манекенка Евгенија Бондаренко која носејќи ги овие обувки го разгази Црвениот Плоштад.

 

 

 

Идејата е да се спои времето со секојдневниот чекор на една современа и модерна жена. Ритамот на потпетиците Клик-Клак е идеален со ритамот на часовникот Тик-Так, па така се креира една илузија за тоа кој кого следи часовникот чекорот или чекорот времето, кое денес е мошне драгоцено. Денес чевлите се тие кои го мерат времето. Clox обувките се салонки кои се произведени од високо квалитетна кожа и наменети се за суво време.

 

 

 

 

 

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци