Чуф чуф! Фарел Вилијамс подготви неодолива колекција чанти во форма на воз!

10 октомври 2014

Последниот проект на Фарел Вилијамс е нешто ултра тренди и дефинитивно досега невидено! Тој уште еднаш докажа дека е феноменален и неверојатно креативен, па дури и кога станува збор за креирање женска облека и модни додатоци.

Последното од креативната работилница на Фарел се неодоливите чантички во форма на воз! Тој ја создаде колекцијата во соработка со францускиот луксузен бренд Moynat, а многу наскоро ќе имаме можност да ги видиме моделите инспирирани од винтиџ возовите како омилени на пејачот.

Во колекцијата се содржани луксузни парчиња, како чантичка од висококвалитетна кожа на која е поставен воз како апликација што неодоливо ни ги буди прекрасните сеќавања од детството.

Парчињата во колекцијата ќе бидат во седум различни бои и варијации во кои ќе бидат вклучени графички изработени локомотиви аплицирани на кожена чантичка, но и таква со локомотива како форма со сребрено синџирче.

Колекцијата официјално ќе биде претставена во Париз на 13 – ти Октомври, а потоа и ширум продавниците на брендот Moynat во француската престолнина.

Објавено:
10 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци