Дајан Кругер и Џејсон Ву ви ја претставуваат „Diane Bag“

10 октомври 2014

Германската актерка и поранешен модел Дајан Кругер,  покрај примарните ангажмани својата креативност ја насочи и кон соработка со дизајнерот Џејсон Ву. Станува збор за колекција шик- луксузни чанти создадени по префинетиот вкус на актерката. Во врска со овој нејзин дизајнерски потег таа објаснува дека за дизајнот на чантите се води по сопствените практични и естетски протреби.

-Џејсон ме праша кои се најважните карактеристики за чанта според мене, а јас кажав дека тоа е оној модел со долга рачка кој ќе можам да го отворам и затворам со една рака. Ја лично не можам да поднесам постојано да се занимавам со тоа како да носам некој специфичен модел. Затоа создадов современ класичен модел на чанта од  високо квалитетна текстура, а мислам дека со Џејсон ни се совпаднаа размислувањата. Ова е чанта за сите возрасти и за секој ден што е толку многу шик, објаснува Кругер.

Чантата едноставно го носи името „Diane Bag“, и истата е изработена од крокодилска и кожа од питон во неколку бои.

Дефиницијата на дизајнерот за најновата чанта гласи дека таа е толку многу безвременска, женствена и уникатна создадена од жена на чиј стил безрезервно се восхитува, изјавува Ву.

 

Објавено:
10 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци