Дајан Кругер во соработка со Џејсон Ву ќе креира сопствена чанта

13 јуни 2014

Последна во низата која прави отстапка од ова правило е Дајан Кругер, која е често дел од листите на најдобро облечени дами со феноменален стајлинг, секогаш комплетиран со правилен избор на модни додатоци. Овој пат Кругер реши да направи чекор напред со остварување на соработка со еден од нејзините омилени дизајнери – Џејсон Ву.

За ова дебитантско претставување, Дајан реши во соработка со модниот дизајнер да креира само еден модел на чанта со наслов „The Diane“.  Поранешниот модел и актерка ги откри своите планови за магазинот Ел и тоа во текот на снимањето на кампањата за Шанел. Дајан е секогаш на А листата за најубаво облечени жени на црвениот килим, ја владее модерната елеганција, но секогаш знае позитивно да изненади и во некое лежерно парче.

Според нашата претпоставка моделот на чанта според замислата на Кругер би требала да биде еднобојна, со чисти линии, минимални детали и максимална флексибилност.

Giorgio Armani - Red Carpet

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Актуел