Модната куќа Долче и Габана продолжуваат да го слават сицилијанскиот стил на живеење, па покрај тоа што модните парчиња им се инспирирани токму од оваа тематика,  истата инспирација се искористи и за создавање на обетки, кои се дел од колекцијата пролет/лето 2014 година.

Паричките се всушност синоним за Булгари бидејќи го создадоа првиот сребрен ѓердан со античка пара во 1880 година. Со текот на годините,дизајнот се модифицираше во неколку варијанти со употреба на парички од Античка Грција, Персија и Рим.

Сјајните и блескави парички на Моника Винадер се камен темелник на брендот од неговото основање во 2002 година. Инспирацијата за создавање на колекција накит со парички потекува од паричката која нејзе и била дадена за среќа по раѓањето на ќеркичката. Мотивот за последната колекција потекнува од шпанските парички во 18 век.

Накитот на Каролин Румпер е наменет за сите оние кои сакаат да остават впечаток токму преку изборот на модните аксесоари.

Дизајнерот за накит Дима Рашид од Каиро создава златни ѓердани со парички кои се инспирација од културата во Древниот Египет, а ѓерданот во продолжение е изработено од 18 каратно злато и покрај паричката има и бисери од страните.

Аза Фахму за пролетната колекција на Метју Вилијамсон креираше ѓердан во бохо стил, во два реда каде покрај паричките, беа користени и кристали и додатоци во форма на цвеќе.

Објавено:
31 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци