Дали би потрошиле 790 евра на пар хулахопки?

7 декември 2013

По јакната од полиестер во вредност од  61. 000 долари и baby-doll фустан по цена од 68. 000 долари, беше само прашање на време кога модната куќа повторно ќе го привлече вниманието со нешто екстравагантно.

Овој пат Сен Лоран лансираше линија мрежести хулахопки од полиестер со кристали од Сваровски, чија цена не е како претходните два производа, но сепак за парче кое е лесно заменливо држи цена, односно 790 евра. Честа прва да ги облече ја имаше Кара Делевињ за потребите на кампањата на модната куќа, а по неа Кејт Мос и Иди Кемпбел.

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци