Дизајнира накит за да се спротивстави на постоечките стереотипи

13 јуни 2014

 

„Израснав во Париз, Франција, а по дипломирањето се вратив во Израел на 18 години. Мојот чичко Jacques Konckier кој е во бизнисот со парфеми, во почетокот на деведесеттите години го откупи Баленсијата кога сеуште немаше култен статус. На почетокот ја реактивираше продажбата на парфеми, а потоа ги отвори и другите оддели. Јас бев делот од уметничкиот оддел“- изјави Yael Salomon.

Модната дизајнерка моментално работи во Тел Авив кој според неа е неисцрпна инспирација пред се поради феноменалните архитектонски градби, а секако и патувањето на разни локации се нејзина дополнителна мотивација. Во однос на накитот кој го изработува, таа сака да ги прошири границите со нови и интересни модели кои се издвојуваат од стандардните модели на накит., односно тоа е нејзин начин на спротивставување со постоечките стереотипи.

Дизајнерката на накит Yael Salomon Дизајнерката на накит Yael Salomon

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци