Дрвени машни – моден додаток кој ќе ве освои

3 ноември 2014

Неговата пасија кон модата во комбинација со изработката на дрво, занает кој го наследил од својот татко, Немања ја преточи во нова колекција на модни додатоци кои воодушевуваат со својата уникатност.

Српскиот дизајнер кој е дел од брендот „Bowtie wooden style“ лансираше нови дрвени машни-пеперутки направени од најквалитетно ореово и јаворово дрво во комбинација со текстил, за чија инспирација му послужила исклучително природата. Овој моден додаток е наменет за сите оние припадници на посилниот пол, кои сакаат да експериментираат со деталите и кои негуваат несекојдневен изглед. Побарувачката за ваквите аксесоари постојано расте, а сега за сега сите заинтересирани може да ги набават истите само преку интернет. Во продолжение, погледнете ги новите модели  изработени од Немања Стојановиќ и одберете ја вашата омилена машна-пеперутка.

Објавено:
3 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци