Ѕирнете во новата колекција чевли на шармантната Кејт Босворт

3 декември 2014

И додека нејзините колешки – актерки ги снимаат новогодишните филмски остварувања, прекрасната Кејт Босворт лансира празнична дизајнерска колекција чевли!

Во соработка со брендот Matisse Footwear, актерката создаде вкупно 10, интересни модели на чевли меѓу кои и уникатни чизмички до глужд и сандали за пролетната сезона.

По шест месеци инспирирање и напорна работа, актерката ги завршува последните модели за кои се планира да и бидат претставени на јавноста во март.

„Она што е најважно е чевлите да бидат функционални за сите клиенти. Колекцијата не се состои од високи потпетици, туку од едноставни и удобни модели што се неодоливо модерни“, појаснува актерката.

Во секој чифт чевли се сместени интересни детали од животот на Кејт. Секако, во еден од чифтовите чевли има и сурферски моменти од нејзиниот хит филм преку кој всушност и светот ја запозна.

„Секој чифт има своја приказна. Чувствувам дека можам да се изразам себеси и со мали детали што мене многу ми значат, без да привлекувам огромно внимание“, вели актерката со извонредно чувство за мода.

Во продолжение, погледнете дел од готовите модели, инспирацијата на Кејт, но и како изгледаа подготовките во соработка со Mattise Footwear.

Објавено:
3 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци