Едноделни црни костими за капење – елеганција и на плажа

12 јуни 2023

Како што е безвременска во секојдневната мода, класиката е исто толку безвременска и на плажа.

Летната сезона на плажа веќе започна, а доколку се двоумите околу избор на нов костим за капење, една сигурна опција нека ви биде класиката – односно едноделен црн костим за капење.

Зошто?

Пред сѐ поради неговата практичност и функционалност: замислете во колку различни комбинации може да го споите не само на плажа, туку и во секојдневни и вечерни летни комбинации...

Покрај нивната флексибилност, костими за капење во црна боја се достапни и во фантастичен избор на модели, а сезонава особено во фокусот се оние во асиметрични кроеви (на едно рамо), како и оние со исечоци, што ги прави дополнително атрактивни.

Издвоивме неколку интересни примери како илустрација како може да ги комбинирате, но и модели кои се тенденција оваа летна сезона.

Фото: Пинтерест

 

 

Објавено:
12 јуни 2023
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.642 пати