Ејми Адамс продолжува да гради име во модниот свет. По сликањето за насловна страна за магазинот Вог, изгледа дека се отворија вратите од модната индустрија за неа. Покрај големиот број едиторијали и кампањи, посебно се издвојуваа онаа за Макс Мара.

Фотографиите за италијанскиот бренд ги направи Марио Соренти, а на нив акцент е ставен на очилата за сонце во разни нијанси и со дебели рамки, тренд кој неколку сезони по ред не губи од својата актуелност, а тука се и класичните модели на чанти – еднобојни и со животински принт.  Во продолжение, погледнете дел од фотографиите кои се лансирани во јавноста, за најавување на новата колекција модни додатоци од Макс Мара за пролет/лето 2015 година.

Преземено од Fashion Gone Rogue
Објавено:
20 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци