Драматична кампања на Макс Фактор

12 ноември 2014

Познатиот модел на Викторија Сикрет, Кендис Сванпул е заштитно лице на божиќната кампања на Макс Фактор за 2014 година. За потребите за сликањето, русокосиот ангел стана бринета, а во комбинација со нејзините сини очи, мораме да признаеме дека изгледа апсолутно феноменално.

На фотографиите Кендил носи впечатлива, јака и драматична шминка, односно сенки во сина и црна нијанса, црвен и беж кармин и нагласено руменило. На себе носи сензуални модни парчиња во црна боја, кои целосно ја отсликуваат празничната атмосфера. Шминката за новата кампања на Макс Фактор е дело на мејкап артистот Пат Мекграт.

Преземено од Grazia.rs
Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Убавина