Ѓердан на грбот- пробајте го старо-новиот тренд

26 мај 2014

Носењето дискретен ѓердан на грбот не е некаква новина.  Дека тој постоел од поодамна говорат податоците и фотографиите од 1920-та, кога војвотката од Виндзор побарала специјално да и биде изработен ваков модел на ѓердан од дијаманти. Оттогаш, оваа стилска варијанта на носење накит ја пробаа многу славни дами на црвениот килим како Џенифер Лоренс, Никол Кидман, Кара Делевињ, Џесика Бил и многу други.

 

Делува сензуално и секси, а се што ви е потребно е да имате фустан, кошула или маичка со отворен грб. Она на што треба да внимавате е да не се  натрупувате со други парчиња накит, можете да ставите само некои дискретни обетки кои нема да изгледаат нападно. Разгледајте ја галеријата и смислете стајлинг од кој ќе пробате да искористите некој ѓердан што веќе го имате во вашата колекција накит.

 

Објавено:
26 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци