Имагинативни,колоритни и разиграни модели на чанти од Кристијан Лубутан

20 февруари 2014

Чевлите на Кристијан Лубутан се сон за секоја девојка и жена, но ние овој пат решивме да ви претставиме пет модели на чанти кои дефинитивно ќе ги освојат симпатиите на оние кои сакаат конечно да излезат од зимското сивило во пролетното шаренило.

Петте модели се во различна форма и големина, но заедничко за нив е што се во колоритни тонови со шарените нитни и златни детали и синџири, а исто така треба да се знае дека се опфатени сите вкусови и за оние кои сакаат стандардни кежуал модели, до класични.

Најголемо внимание од сите нив привлекува ранецот во црвено бела нијанса со нитни, а од останатите модели има еден модел со апстрактни принтови и еднобоен во црвена нијанса, наменет за исклучителни настани каде безвременската класика е во преден план.

Објавено:
20 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци