Ирина Шајк е секси „мачка во чизми“ во зимската кампања на XTI’s
•
4 септември 2014
Прекрасната Ирина Шајк повторно е заштитно лице во рекламната кампања за сезоната есен-зима 2014 на шпанскиот моден бренд за чевли XTI’s. Таа позира рамо до рамо со сексапилниот машки модел Стивен Џејмс и заедно на еден провокативен и секси начин ја раскажуваат приказната за нивната пасија кон чевлите.
Едиторијалот во целост е фотографиран од познатиот фотограф Рафа Галар. Ирина уште еднаш докажа дека прва и вистинска љубов на жените секогаш биле обувките без разлика дали станува збор за чевли на потпетица, чизми до глужд или патики. Едноставно треба да сакате и да знаете како да ги носите. А во продолжение уживајте во љубовната фотографска приказна.