Изабел Марант со лимитирана колекција на часовници

6 ноември 2014

Во средината на овој месец, во продажба ќе биде пуштена лимитирана колекција часовници со потписот на Изабел Марант. Моделите се инспирирани од француските дизајни и безвременските креации на француските мајстори на овој занает.

После златната едиција на истиот модел часовници, брендот Изабел Марант во соработка со францускиот бренд La Montre, кој е синоним за рафинирана и шик елеганција во поглед на изработката на часовници, лансираат нова лимитирана едиција на часовници.

Дизајнот е во духот на минимализмот, има едноставна линија, со тенки ремчиња во црна кожа кои беа популарни во 50 – тите години на минатиот век. Механизмот е во квадратна форма на црна основа сместен во сребрена рамка. Цените на моделите ќе се движат од 850 евра па нагоре, а можат да се купат во луксузните и елитни продавници на La Montre и он лајн почнувајќи од 19 – ти ноември.

 

Објавено:
6 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци