Луксузни женски часовници од Оскар де ла Рента во партнерство со Shinola

19 јуни 2014

Луксузната модна куќа Оскар де ла Рента, која го носи името по истоимениот легендарен домениканско-американски дизајнер, оствари соработка со детроитскиот бренд Shinola. Етикетата е препознатлива по изработката на часовници, разни модни додатоци и велосипеди. Колаборацијата резултираше со лимитирана едиција од илјада парчиња на женски часовници со креативниот печат на Оскар де ла Рента. Женствените часовници се инспирирани по примерот од накитот кој го пласира модната куќа, украсени со луксузни детали како кристали, сафири и ремчиња од крокодилска кожа.

 

Најскапиот од колекцијата чини 2700 американски долари, а во понудата има и нешто поефтини варијанти без скапоцени камања, по цена од 1400 до 1600 долари. Колекцијата низ продажните салони на брендовите ќе биде достапна оваа есен.

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци